Skip to main content

Евротинк Центар за европски стратегии

Граѓаните ја оценуваат работата на полицијата како недоволно транспарентна

Ова е заклучокот од анализите на Евротинк центарот за европски стратегии. Според нивните анализи МВР треба да посвети внимание на објавување на информации за внатрешната контрола на полицијата и делот од Управните работи и издавање на документи. Токму поради ова низ сите осум пански региони се спроведуваат работилници за подобра соработка на полицијата во локалните заедници.
 |  инфодеск  | 
Полиција

Мал дел од јавноста ја смета полицијата за професионална и транспарентна.  Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС) треба да работи на зголемување на својата видливост и на видливоста на резултатите од работата, со цел да се промени перцепцијата на јавноста за ефективноста на овој механизам. Ова се дел од резултатите на истражувањето на Евротинк центарот за европски стратегии во земјава.

Токму поради тоа во земјава во сите плански регини се спроведуваат регионални средби за подобрување на Дијалогот на полицијата во локалните заедници.

„ Оваа серија од осум настани кои тшо ги реализираме во осумте плански региони во земјава имаат за цел да обезбедат една платформа, дијалог за помеѓу полицијата, општинските администрации, невладините, граѓаните, медиумите со цел да се позборува каква е состојбата соработката и комуникацијата, степенот на безбедност и потребите кои ги имаат сите засегнати страни за да се подобри комуникацијата, соработката и заедничко функционирање. Овие настани најчесто се еден вид форум на кој што се зборува за како функционираат секоја од овие засегнати страни овде имаме една анализа каква е комуникацијата на полицијата”, вели Горан Стојановски, проектен менаџер на Евротинк.

МВР редовно објавува информации за различните  активности на својата официјална веб-страница (www.mvr.gov.mk) и за оваа активност е надлежен Одделот за односи со јавностa и стратешки прашања (ООЈСП). Истражувачкиот тим ги анализираше објавите  и заклучокот е дека најмногу се изнесуваат кривични дела, а помалку сервисни и превентивни активности. Препорачливо е овој тип на вести да бидат повидливи и полесно пристапни за јавноста.

„Ја анализираме работата на одделот за односи со јавност каков тип на информации пласира до јавноста и колку од тие информации се пренесуваат од страна на медиумите. Гледаме дека медиумите го чинат своето пренесуваат сервисни и информации од превентивен карактер, и секако застапени се и црна хроника, но она што го гледаме низ нашата истражувачка работа гледаме дека МВР во претпоследната година има подобрување во делот на известувањето на превентивните активности кои ги спроведува, но гледаме некои бројки кои можат да бидат подобри во делот на сервисните информации. Информации во делот на управните работи на МВР, околу документите, и други информации од инетрес на јавноста пример од типот затворени сообраќајници и слично”, додава Стојановски.

Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата е целта на проектот на Евротинк, каде на средби во сите сум плански региони во земјава на иста маса седнаа претставниците на локалната полиција, новинари, администрациите на локалната самоуправа, граѓанските организации и граѓаните во локалните заедници.

Новинар Соња Рилковска