Skip to main content

Граничните премини кон Грција блокирани до петок

Граничните премини кон Грција од изутринава повторно се блокирани поради штрајк на грчките царински служби.

 |  Маја Савиќ  | 
granicen premin
граничен премин

shtrajkГраничните премини кон Грција од изутринава повторно се блокирани поради штрајк на грчките царински служби. Штрајкот ќе трае до петок во шест часот.

Македонското МВР апелира граѓаните кои планираат да заминат за Грција во посочениот период патувањето да го одложат или поместат за друг ден.

Ова е втор протест на грчките цариници од почетокот на месецов. Граничните премини два дена беа затворени и на 4 и на 5 февруари.

Причината за штрајкот е најавеното намалување на нивните плати.






{loadposition content9}