Груевски и Баросо за македонската евроинтеграциј
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Брисел треба се сретне со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо пред Европската унија да одлучи за преговорите за членство со Македонија.
Никола Груевски

Премиерот Груевски побара од грчкиот колега Јоргос Папандреу, следната седмица на Европскиот совет да не го блокира одредувањето на датумот кога Македонија би ги започнала преговорите со ЕУ. Истиот апел вчера го упати министерот за надворешни работи Антони Милошоски.
Меѓутоа, грчката страна повтори дека без решение на прашањето за името Македонија нема да ги започне преговорите. Атина веќе го блокираше приемот на Македонија во НАТО.
Засега е неизвесно каква ќе биде одлуката на Европскиот совет на 7-ми декември за иднината на македонската евроинтеграција. Високи претставници на ЕУ во последно време се обидуваат да посредуваат во надминување на спорот за името.
Груевски мината седмица упати писмо до шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ и побара Македонија да добие датум за почеток на преговорите.

{loadposition content9}