Skip to main content

Груевски на Молитвен појадок во Вашингтон

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска ќе учествува на Молитвениот појадок во Вашингтон, каде ќе присуствува американскиот претседател, Барак Обама.

Nikola Gruevski
Никола Груевски
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска ќе учествува на Молитвениот појадок во Вашингтон, каде ќе присуствува американскиот претседател, Барак Обама.

Традиционално, на Молитвениот појадок се очекува да присуствуваат голем број гости, светски лидери, политичари, претставници на бизнис елитата, како и американски сенатори и конгресмени.

Kapitol Hil Предвидено е за време на својата посета на Соединетите Американски Држави (САД), премиерот Груевски да оствари повеќе средби со претставници на Конгресот и Сенатот, како и со високи претставници на Стејт департментот и новата американска администрација.

Во рамки на неколкудневната посета на САД, Груевски во Тампа и Вашингтон оствари средби со претставници на неколку компании, потенцијални инвеститори во Македонија, како и универзитети заинтересирани за соработка со македонските високообразовни установи.

На овие средби, македонскиот премиер ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија, економскиот и образовниот систем во нашата земја, како и реформите кои што македонската влада ги презема во овие сфери.

 

 

 

{loadposition content9}