Груевски го убедил Фишер дека постои основа за мирен оптимизам
Груевски и Фишер не очекуваат меѓуетнички конфликт ако македонско-грчкиот спор околу името не се реши за шест месеци.
Премиерот Никола Груевски по средбата со неговиот чешки колега Јан Фишер во Прага, коментирајќи ја изјавата на евроамбасадорот Ерван Фуере за виенскиот весник „Стандард“, рече дека не очекува да има каков било меѓуетнички конфликт доколку македонско-грчкиот спор околу името не се реши за шест месеци
“ Не очекувам такво нешто да се случи. Тоа само би ги забавило разговорите или би ги ставило ад-акта. Нема логика за такво нешто. Ако на таков начин се сака да се постигне каков било прогрес, би се постигнало нешто што е спротивно на прогрес”- истакна Груевски.
Според Фишер, ваквото сценарио е многу драматично.
“ Тоа сценарио е многу драматично и не верувам дека до тоа ќе дојде. Мојот колега ме убеди дека имам основа за мирен оптимизам”- рече претседателот на чешката Влада.
Тој оцени дека спорот меѓу Македонија и Грција е пред се билатерален, а разговорите бараат трпение и време.
“ Се надевам дека ќе биде постигнат одреден напредок и дека на Македонија ќе и се отвори патот до Европската Унија, нешто што Чешката Република многу го посакува”- нагласи Јан Фишер.
Оваа вест е преземена од: http://www.time.mk
{loadposition content9}