Skip to main content

Гулабите нема да ни ги бербатат спомениците на плоштадот „Македонија“

Ќе се поставуваат апарати со ултразвук на спомениците на плоштадот Македонија кои ќе ги бркаат гулабите за општинарите да се куртулат од чистење на бронзата.

 |  Маја Савиќ  | 
Gulab na spomenik
гулаб на споменик

Gulab na spomenikОткако општината Центар објави конкурс за набавка на апаратчиња со ултразвук што треба да се постават на сите споменици на плоштадот „Македонија“, за заштита од птиците, скопјани почнаа да се сомневаат дека овие зраци штетно ќе влијаат на животинскиот свет. Некои од нив стравуваат дека ултразвукот ќе придонесе за изумирање на птиците, дека ќе ги разбрка од нивните живеалишта на плоштадот, што не е добро за рамнотежа на екосистемот. Професор д-р Велимир Стојковски, ректорот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, кој го истражувал влијанието на ултразвукот врз животинскиот свет, објаснил дека тој воопшто нема да им наштети на птиците и инсектите што ќе летаат околу спомениците.

Gulab

Според професорот Стојковски, ултразвукот има штетно зрачење само кога се пренесува преку допир.

– Верувам дека апаратчињата ќе бидат поставени на спомениците и дека со нив само ќе се бркаат птиците од нив и ваквото зрачење нема да има никакво штетно дејство. Звукот треба да биде многу силен и да се пренесува преку допир на кожата или крзното за да може да предизвика штетни дејства – објасни професорот Стојковски.

Тој додаде и дека во западните земји веќе се направени и апаратчиња со ултразвук за заштита од напади на кучиња и од комарци.

Јавниот конкурс за набавка на овие апаратчиња со ултразвук општината Центар го распиша минатата недела, за да се заштитат спомениците од изметот на гулабите на плоштадот „Македонија“. Од општината велат дека со поставувањето на овие уреди ќе се заштедат и пари за чистење на бронзата. Одговорните објаснуваат и дека сé уште не знаат колку точно пари ќе треба да се дадат за апаратчињата, кои чинат од 600 до 1.200 евра во зависност од техничките спецификации, што ќе ги понудат фирмите што ќе учествуваат на тендерот.

{loadposition content9}