Хери Џенкинс во посета на Македонија
Претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на Австралија, Хери Џенкинс од денеска ќе престојува во официјалната посета на Република Македонија.
Хари Џенкинс
Претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на Австралија, Хери Џенкинс од денеска ќе престојува во официјалната посета на Република Македонија.
Освен од неговиот домаќин претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, австралискиот спикер Џенкинс ќе биде примен и од македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Претседателот на Претставничкиот дом на австралискиот Парламент ќе се сретне и со претседателот на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија, Илија Димовски.
{loadposition content9}