Хашкиот трибунал расправа по жалбата за Јохан Тарчулоски
Расправа по жалбата поднесена од одбраната на Јохан Тарчуловски за 12-годишна затворска казна ќе се одржи во четврток во Хашкиот трибунал.
Јохан Тарчулоски
Расправа по жалбата поднесена од одбраната на Јохан Тарчуловски за 12-годишна затворска казна ќе се одржи во четврток во Хашкиот трибунал.
Меѓународниот суд за воени злосторства во јули минатата година го осуди Тарчуловски на 12 години затвор за случајот „Љуботен“, а неговите бранители пред една година поднесоа жалба.
Адвокатите на Тарчуловски Антонио Апостолски и браќата Ален и Нејтан Дершовиц во жалбата од 15 точки, ќе се обидат да ги убедат хашките судии дека Јохан Тарчуловски е неправедно осуден.
Жалбата се темели на тоа дека Тарчуловски има спроведено легитимна акција за самоодбрана и одбрана на Македонија во конфликтот од 2001 година.
Хашкиот суд по сослушувањето на аргументите на одбраната и обвинителството се очекува да донесе одлука до крајот на оваа или почетокот на наредната година.
Јохан Тарчуловски е во затворот Шевенинген повеќе од 4 години.
Хашкиот трибунал за истиот случај го ослободи поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски.
Судот в четврток ќе ги разгледува и аргументите по жалбата на обвинителството за ослободителната пресуда на Бошкоски.

{loadposition content9}