Хосе Емилио Пачеко добитник на годинашниот „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата
Хосе Емилио Пачеко, еден од најзначајните и највлијателните мексикански посети, е добитник на годинашниот „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.
Хосе Емилио Пачеко, еден од најзначајните и највлијателните мексикански посети, е добитник на годинашниот „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.
Одлуката ја донесе Управниот одбор на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ на предлог на Советот за доделување на наградата „Златен венец“ на СВП.
Хосе Емилио Пачеко е роден во Мексико Сити 1939 година. Во родниот град се образувал, а подоцна предавал книжевност на многу универзитети во Јужна Америка, САД и Канада. Член е на Мексиканската академија на јазиците. Пачеко зад себе има петдецениско творештво кое го издигнува во височините, не само на мексиканската литература на каја и припагаат Борхес и Октавио Паз, туку и во целокупната хиспаноамериканска, а и светска литература. За своето исклучитерлно поетско творештво многукратно е наградуван, а е лауреат и на големата награда Сервантес, која се доделува за исклучителни достигнувања во литературата пишувана на шпански јазик.
Темите во неговата поезија се универзални, тие се вечните теми отсекогаш што го тиштеле човекот: минливоста, тагата, песимизмот, пропагањето на сите човекови дела, и материјални и духовни, исконската поврзаност со предхиспанските цивилизавии, историски ломови итн. односно, дека се е минливо, само природата е онаа вечно што трае.
Пачеко добивањето на „Златен венец“ го доживува како најдобар надомест кој можел да го добие за половина век работа, со оглед дека годинава се навршуваат педесет години откако се појави мојата прва стихозбирка „Елементите на ноќта“.
– Уште од далечните шеесетти години читав и слушав за Струшките вечери на поезијата како едни од најголемите средби во светот од својот вид. Знаев дека наградата Златен венец се доделува на големи поети на кои вистински им се воодушевувам како Адонис, Одн, Бродски, Гилвик, Хини, Монтале, Неруда и Транстромер, луѓе кои, како што вели Т.С. Елиот, „човек не може да ги имитира“. Затоа, не со лажна скромност, туку со вистинска искреност, ќе речам дека никогаш не мислев да се најдам во тоа друштво благодарение на дарежливоста на Управниот одбор кој ми ја додели оваа голема награда. Им благодарам за тоа од длабочината на моето битие и чувствувам дека на некој начин тоа го оправдува моето постоење во светот, вели мексиканскиот поет.
Со доделувањето на наградата „Златен венец“ на мескиканскиот поет Хосе Емилио Пачеко, смета Управниот одбор на манифестацијата, Струшките вечери на поезијата уште еднаш ја потврдуваат својата висока цел: преку раличностите да се сочува духовното единство на светот. И дека поетскиот јазик е единствен, универзален и ги создржи сите говорни јазици на светот.
{loadposition content9}