Skip to main content

Ховит,Филе и Бузек против политичката криза

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и европарламентарците Ричард Ховит и Јиржи Бусек, денеска ќе го имаат последниот обид да ги натераат Груевски и Црвенковски да ја разрешат политичката криза пред истекот на роковите за кандидирање на 3 март.

Richard Hovit
Ричард Ховит

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и европарламентарците Ричард Ховит и Јиржи Бусек, денеска ќе го имаат последниот обид да ги натераат Груевски и Црвенковски да ја разрешат политичката криза пред истекот на роковите за кандидирање на 3 март.

Еврокомесарот на својот Твитер профил вчера порача дека се радува на посетата на Скопје, што може да се толкува дека сигналите што ги добил од Скопје му даваат оптимизам за успешна мисија.

Richard HovitКако што соопшти портпаролот на Филе, Петер Стано целта на посредувањето е брзо решение, кое пак би довело до позитивен извештај  на пролет.

Известувачот за Македонија во европскиот парламент Ричард Ховит пак на својот Твитер профил посочува дека неговата итна мисија во државава покажувала дека Европа е обединета во пораката дека е време да се стави крај на поделбите.

{loadposition content9}