Храбро срце бара поголема финансиска поддршка за трансплантации на органи
Националното здружение „Храбро срце” остро реагира на предлог буџетот за 2025 година. За трансплантации на органи и ткива се предвидуваат само 9 милиони денари.
Пациентите се жалат, велат потребна е поголема финансиска поддршка за Програмата за трансплантации, да се даде шанса за живот на повеќе пациенти.
„За разни маргинализирани групи е даваат 90 милиони денари за превенција од болест за сексуално општење а една голема група на пацеиенти не по нивна олја се во една тешка ссостојба да им треба орган за трансплантација.“ , вели Васко Јолески претседател на НЗ Храбро срце.
Храбро срце со години бара и ослободување од партиципација.
„Досега не сме ослободени од плаќање партиципација последните разговори со претставниците на Владата и министерството за здравство укажуваат на тоа дека од 01 01 2025 ќе сме ослободени од партиципација за здравствени услуги кои не вклучуваат лекарства , додава Јолески.
До пред четири години буџетот за трансплантации на органи беше 10 милиони денари, наместо да расте оваа ставка се намалува.
Новинар Соња Рилковска