И денеска закани во училишта за поставена бомба
И денеска во претпладневната училишна смена на електронските адреси на некои скопски училишта пристигна мејл со известување дека во објектот е поставен експлозив. Директорите на училиштата во 09.30 часот ја известија полицијата и веднаш пристапиле кон евакуација на учениците и вработените.
Како што завчера ексклузивно објави МКД.мк, Министерството за образование и наука (МОН) до сите директори и градоначалници на општините испрати итен допис во кој препорачува во денови кога учениците се евакуираат поради закани за бомби, да се организира онлајн настава со цел повеќе да не се губи од наставата.
Исто така, со дописот се наложува и се дава упатство службените мејлови на училиштата да имаат унифициран дел од адресата, а досегашните мејлови да не бидат повеќе во употреба.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера во обраќање пред парламентот изрази чудење како тие што испраќаат мејлови со закани за поставени бомби, веќе ги дознале новите службени мејлови на училиштата, имајќи предвид дека и вчера имаше пријави до полицијата дека се примени закани за поставени бомби.
Извор/Мкд