Skip to main content

Државен завод за статистика

Продолжува растот на цените на угостителските услуги

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.0 %.
 |  инфодеск  | 
Ресторан угостителски услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2024 година, во споредба со февруари 2024 година, е зголемен за 0.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 % и Алкохолни пијалаци за 0.1 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.0 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 6.2 %, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 0.7 %.