Skip to main content

Институт за јавно здравје

ИЈЗ: Македонците јадат двојно повеќе сол од препорачаниот дневен внес

Внесувањето премногу сол го покачува крвниот притисок, кој е глаевн предизвикувач на мозочни и срцеви удари кои се причина за најголем број умирања и инвалидитет во светот. 
 |  инфодеск  | 

Овогодинешната тема на Неделата за подигнување на свесноста за солта е „Време е да се сврти вниманието на солта”, истакнувајќи го прашањето за „скриената” сол (натриум) во многу преработени и ултра-преработени производи.

Во многу земји, три четвртини од натриумот во исхраната доаѓа од ултра преработена и преработена храна, како што се леб, сосови и преливи, крекери и колачиња, готови оброци, преработки од месо и сирења.

Светската здравствена организација (СОЗ) препорачува дневен внес на сол во организмот не повеќе од 5 грама на ден, а во Северна Македонија просечен дневен внес на ден е 12,1 грам. Институтот за јавно здравје, како „чувар на Вашето здравје”, Ви препорачува  да го ограничите внесот на солта на 5 или помалку од 5 грама дневно. 

Солта е важен зачин и најзначајниот извор на натриум. Еден грам сол содржи 0,4 грама натриум. На човекот му се потребни мали количества на натриум за регулирање на телесните течности и да ги одржува клучните телесни функции. Но внесувањето премногу сол го покачува крвниот притисок, кој е глаевн предизвикувач на мозочни и срцеви удари кои се причина за најголем број умирања и инвалидитет во светот.