©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Природа

Илегалното труење го уништува биодиверзитетот

Илегалното труење го уништува биодиверзитетот на Балканот, а само еден отсто од случаите завршуваат на суд,.
Илегално труење биодиверзитет

Илегалното труење го уништува биодиверзитетот на Балканот, а само еден отсто од случаите завршуваат на суд. Ова се податоци на најновата Студија за труење на мршојадците, која ја објави Македонското еколошко друштво.

Според документот, илегалната употреба на отровни супстанци во животната средина го осиромашува биодиверзитетот и е закана за јавното здравје. Овие случаи и понатаму се провлекуваат нерегистрирано, а сторителите остануваат неказнети, посочуваат од МЕД.

Помеѓу 2000 и 2020 година се регистрирани дури 1.046 потврдени и непотврдени случаи со труење во регионов. Според Студијата, објавена во рамки на проектот BalkanDetox LIFE, главен мотив за појавата на овие инциденти се конфликтите со крупните ѕверови . Тоа се најчесто волци, лисици, шакали и мечки поради штетите кои тие умеат да ги нанесат врз добитокот, обработливото земјиште и ловниот дивеч.

„Оваа пракса не е решение за конфликтите помеѓу човекот и дивите животни. Ова е неселективен начин на убивање животни кој исто така ги засега и загрозените животински видови, луѓето па дури и децата“, – вели Урош Пантовиќ, проектен координатор на BalkanDetox LIFE.

Мршојадците се најчестата жртва при илегалното труење и се појавуваат во секое четврто труење. Помеѓу 2000 и 2020 година регистрирани се дури 465 отруени белоглави мршојадци. 47 египетски мршојадци, 17 црни и еден брадест бршојадец. Популацијата на белоглави мршојадци е најзасегната со дури 400 единки во 233 одделни инциденти. Глувчарите и лисиците се следни со 392 отруени единки. Во 190 вакви настани и 389 единки во 141 случај со труење.

„Проценето е дека 115 мршојадци годишно гинат на Балканот доколку го земеме предвид фактот дека само околу 20% од случаите можеме да ги регистрираме и документираме“ – вели Јован Андевски, раководител на програма во Фондацијата за заштита на мршојадците.

Овие загуби нанесуваат огромна штета врз популациите на мршојадците во регионот. Доведуваат до регионално истребување на некои видови. Труењето на диви животни продолжува да биде најсериозната закана за опстанокот на мршојадците на Балканскиот полуостров.

Исто така тоа е како и главна причина поради која нивниот број не се враќа во нормала. Овие факти се земаат предвид кога се кројат планови за наредните мерки за заштита на дивите видови. Ова особено важи за мршојадците, како на пример пуштање на птици во природата или нивно одгледување во заробеништво со цел нивна реинтродукција.

Ниската свест и вклученост на државните институции, нејасната легислатива и надлежност, недостигот на капацитети и ресурси се главните пречки за ефективно решавање со овој проблем.

Проектот BalkanDetox LIFE ја подига свеста за сериозноста на оваа штетна пракса и цели кон вклучување на релевантните институции и градење на капацитетите. Тоа се спроведува преку Академијата за криминал против дивиот свет како и други обуки. Главната цел е подобрување на истрагата и справувањето со случаите со труење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top