Skip to main content

Ќе има или не предвремени парламентарни избори?

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се очекува утре да ги распише изборите за шеф на државата, кои според првичните најави од владејачките партии треба да се одржат на 13 и 27 април.

Trajko Veljanoski
Трајко Велјаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се очекува утре да ги распише изборите за шеф на државата, кои според првичните најави од владејачките партии треба да се одржат на 13 и 27 април.

За евентуални предвремени избори заедно со претседателските владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе тактизираат до крајните законски рокови до кога може да се распушти Собранието доколку изборите би се одржале заедно со вториот круг за избор на претседател. Партиите на Никола Груевски и Али Ахмети го чекаат крајниот рок бидејќи с` уште нема договор меѓу нив и за предлогот на ДУИ за консензуален претседателски кандидати. Од таквиот договор клучно ќе биде дали за вториот круг цензусот ќе се обезбедува коалициски или ќе се постигне преку мотивирање на гласачите со парламентарни избори.

гласацко ливцеВаквите партиски анализи вчера попладне добија потврда од Абдулаќим Адеми, генерален секретар на ДУИ, кој за телевизијата „Алсат М“ изјави:

-Ако не наидеме на разбирање за нашата понуда за консензуален кандидат, сметаме дека политичките субјекти с` уште не се подготвени за ова и с` уште се незрели за да прифатат соочување со новите предизвици. Ставот на ДУИ е дека ако не наидеме на разбирање на консензуален кандидат, сериозно ќе се разгледаат сите други опции не исклучувајќи и предвремени парламентарни избори.

Kако што и неодамна објавивме, и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ посакуваа пролетва да се одржат и предвремени парламентарни избори, но нема кој од нив да ги побара имајќи предвид дека немаше поголеми проблеми во владината коалицијата, што би можело да се искористи како повод за нив.

Официјално, од кабинетот на Вељаноски велат дека засега нема никаква најавена активност на собранискиот спикер за в сабота. Висок функционер на ДУИ, пак, ни потврди дека е планирано Вељаноски да го потпише решението за распишување на претседателските избори на 1 февруари. Тој потврди и дека меѓу ВМРО-ДПМНЕ засега нема договор за предвремени парламентарни избори. Од партијата на Ахмети потврдуваат дека една од опциите е двата вида избори да се поклопат на вториот круг од изборот за шеф на државата

{loadposition content9}