Skip to main content

Државен завод за статистика

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците за животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави Државниот завод за статистика.
 |  инфодеск  | 
маржи основни производи

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците за животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, според податоците од Државниот завод за статистика. Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците за животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците за живот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците за живот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.