Skip to main content

Државен завод за статистика

Инфлацијата во март во однос на истиот месец лани бележи зголемување од 4 %

Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 3.1 %, храна и безалкохолни пијалаци за 1.3 %.
 |  инфодеск  | 
маржи основни производи

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, изнесува 0.9 %.

Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 3.1 %, храна и безалкохолни пијалаци за 1.3 %, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0.5 %, облека и обувки за 0.2 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и комуникации за 0.1 %.

Во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.1 %.

Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во март 2024 година во однос на февруари 2024 година изнесува 101.0.

Индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи зголемување од 4.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.8 %.