Skip to main content

Институтот за комуникациски студии ги отвори вратите за идните магистри

Управување со стратегиски комуникации, интегриран маркетинг, нови медиуми, развивање на деловни стратегии и јавна дипломатија. Ова се студиските програми на кои 40 студенти ќе имаат можност да запишат магистерски студии на Институтот за комуникациски студии.

 |  Мишел Наумоски  | 
iks

40 студенти ќе добијат можност да запишат магистерски студии по Менаџирање на стратегиски комуникации во рамки на Институтот за комуникациски студии од Скопје. На распишаниот конкурс за запишување на магистерски студии институтот нуди едногодишна и двегодишна студиска програма. Според менаџментот на овој институт, ова е одлична можност за постдипломците да стекнат комуникациски и лидерски способности благодарение на знаењата на реномираните професори, истражувачи и професионалци кои им го пренесуваат своето знаење. Управување со стратегиски комуникации, интегриран маркетинг, нови медиуми, деловни стратегии и јавна дипломатија се предметните програми на кои постдипломците можат да го надоградат своето образование. Еве што рекоа дел од постдипломците и магистрите од Институтот.

iks „Пристапот до најмодерна, најрелевантна литература, интерактивноста во наставата и силната ориентираност кон практична работа за време на студиите според мене се клучните карактеристики на институтот за комуникациски студии. Овие фактори според мене се најважните за сите оние студенти и професионалци од областа на комуникациите и брендирањето кои што сакаат своите знаења и способности да ги усовршуваат во оваа област, дека Институтот е вистинското место за нив.“

„Институтот за комуникациски студии нуди теоретски знаења и практични истражувања во широката палета на предмети кои што ги водат реномирани професори кои што се достапни во секое време за консултации. Постдипломските студии се на највисоко едукативно ниво каде што имаме можност да ја следиме наставата и успехот на студентот преку интернет.“

„Магистерските студии генерално се промовираат како мултидисциплинарни и различни насекаде. Меѓутоа студиите кои се на ИКС, се буквално тоа. Реално, ИКС, со литературата и со пристапот кон странските професори и експерти, нуди едно богатство и во теорија и во пракса. Тоа е достигнување кое што не би требало да се испушти.“

institut za komunikacii„23 години управувам со локален медиум во Тетово, релативно долго искуство за еден менаџер, меѓутоа дигитализацијата и новите ИТ технологии бараат нови знаења, нови приоди и тактики за менаџирање. Јас се одлучив моето усовршување да го продолжам на постдипломските студии на Институтот за комуникациски студии во Скопје.“-рекоа дел од нив.

Според професорите кои го пренесуваат своето искуство и знаење од овие области, програмите на Институтот за комуникациски студии нудат огромен избор на знаења за управување со стратегиски комуникации, интегриран маркетинг, нови медиуми како и развивање на јавната дипломатија.

„Оваа програма што ја имаме тука мислам дека е многу квалитетна. Квалитетот на студиите, самата настава, обврските на кандидатите, Болоњскиот процес кој е апсолутно присутен во тие студии даваат за основа да се оцени дека тие студии се прво неопходни кај нас, потребни во јавноста, во комуникацискиот живот, и трето дека кандидатите можат навистина можат многу да придобијат со завршување на тие студии.“-вели професор д-р Димитар Мирчев.

Според проф.д-р Снежана Трпевска, тие како наставен кадар се обидуваат да ги инспирираат студентите да бараат и применуваат конкурентни решенија за придобивање на довербата на јавноста.

„Акцентот во постдипломските студии го ставаме на оспособувањето на студентите не само за теоријата во овие области, туку и за истражувачкиот процес. Студентите учат како да испланираат едно истражување, како да навлезат во теоријата, да направат осврт врз литературата, за темата која ја истражуваат, како да го осмислат емпириското истражување, кои методи да ги одберат и како да ги интегрираат резултатите од нивното истражување од теоријата.“-рече доцент д-р Снежана Трпевска.

Инаку со завршувањето на магистерските студии, постдипломците добиваат 60 ЕКТС на едногодишните студии, односно 120 ЕКТС на двегодишните студии и се стекнуваат со диплома за магистер по менаџирање на стратегиски комуникации. Уписите траат до 10 септември, а повеќе информации за магистерските студии може да најдат на www.iks.edu.mk