ИНТЕГРА : Повторно прво место во светот по загуба на вода
Е наша жална Македонијо, вториот и третиот басен за вода во Европа, после Виенскиот се Солунска глава и Галичица. Нема место во Македонија каде што нема подземни води и издашни извори. 62% загуба на вода…и повторно на прво место во Европа, апсолутни рекордери во свет, по неуспех се СДС* и ДРПНЕ.-велат од ИНТЕГРА.
| | Македонија
“Е наша жална Македонијо, вториот и третиот басен за вода во Европа, после Виенскиот се Солунска глава и Галичица. Нема место во Македонија каде што нема подземни води и издашни извори.
62% загуба на вода…и повторно на прво место во Европа, апсолутни рекордери во свет, по неуспех се СДС* и ДРПНЕ.
Кога ли ќе сфатиме дека тие две грабливи партии се НЕДОМАЌИНИ, а ни ја раководат татковината веќе 30 години. Читајте на линков подолу, колку населени места низ Македонија страдаат за вода во третата декада на 21 век. ЖАЛНО, МИЗЕРНО…ДНО.
И замислете, истите градоначалници од СДС* и ДРПНЕ, кои во своите мандати досега не ги решиле проблемите со водоснабдување, повторно ја бараат поддршката на гласачите за нови мандати, со ветување дека …’е сега ќе ви ги решиме проблемите со водата’.
Баш ме интересира дали населението, еве на пример од Љубанци Скопско, и овој пат ќе биде прелажано од двете злокобни грабливи партии СДС* и ДРПНЕ…кои веќе 20 години ги држат жедни и без вода, а и денес еве немаат вода за своите основни потреби. Ееееее, драги мои, зборуваме за трета декада на 21 век…
СРАМОТА, МИЗЕРИЈА, ДНО, не знаеш кому кој збор повеќе му прилега – на СДС* или на ДРПНЕ…
ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија е РЕШЕНИЕ за сите порази и неуспеси во сите 30 изминати години. Колку побрзо се сфати оваа вистина, толку побрзо ќе почне да чекори со крената глава нашиот народ македонски, достоинствени и горди, силни во Духот Македонци.
Дајте ни ја довербата, нема да зажалите. Вредноста, доблеста и интегритетот ќе донесат на сцената ДОМАЌИНЛАК, каков што доликува на македонското, ќе востоличат еснафлак и квалитет на животот на дело.“-се вели во соопштението на ИНТЕГРА.