Skip to main content

Исчезна 10-годишно дете во Мариово

Вчера попладне околу 16 часот во атарот на селото Врпско, во прилепско Мариово е изгубен 10-годишниот Петар Џобески од Прилеп. Неговото семејство апелира за помош секој кој може да појде во Мариово и доколку го познава теренот да помогне во потрагата која што е во тек.

 |   | 

Спасе Чакрески, жител на село Витолиште за Сител истакна дека станува збор за екстремно опасен терен и потенцираше дека ситуацијата дополнително ја усложнува тоа што детето е со посебни потреби.

Малиот Петар е загубен околу 16 часот, кога од дворот се упатил во непознат правец. Тие се жители на Прилеп, но во Врпско чуваат пчели. Ние неколку часа сме на терен заедно со полицијата и семејството, но засега нема никакви траги од детето. Упатувам апел секој кој го познава теренот да дојде и да помогне во потрагата. Оваа вечер можеби е пресудна за детето, бидејќи надвор е екстремно ладно, а детето заминало само по една блуза. Тука во близина е и реката Црна – вели Чакрески.

Вклучени се екипи на полицијата, од пограничната служба, кучиња трагачи, жители, од противпожарната единица од Прилеп, од ловечкото друштво Мукос и од изутрината во потрагата е вклучен и хеликоптер од МВР. Досега сѐ уште нема траги од исчезнатото дете, кое е со посебни потреби.