Skip to main content

Исклучете ги светилките за спас на нашата планета

Македонските граѓани масовно да ја поддржат Глобалната акција „Час за нашата планета“ („Earth hour“) со исклучување на светилките од 20 часот и 30 минути до 21 часот и 30 минути, апелира Министерството за животна средина и просторно планирање.

 |  Маја Савиќ  | 
akcija
акција

akcijaМакедонските граѓани масовно да ја поддржат Глобалната акција „Час за нашата планета“ („Earth hour“) со исклучување на светилките од 20 часот и 30 минути до 21 часот и 30 минути, апелира Министерството за животна средина и просторно планирање.

Акцијата е на глобално ниво, односно се спроведува во сите земји во светот, почнува во 20 часот и 30 минути по локално време и ќе трае еден час. Со исклучувањето на светилките се покажува солидарност во борбата против климатските-промени.

Покрај домаќинствата, во акцијата можат да се вклучат и останатите потрошувачи на електрична енергија кои работат во вечерните часови, како на пример кафулињата, рестораните, јавните објекти, уличното осветлување…

Акцијата веќе ја поддржа општината Аеродром, која се придружи кон апелот на Министерството за животна средина, а Цементарницата Усје најави дека во наведениот временски период ќе ги исклучи мелниците за цемет и дел од осветлувањето на погоните.


{loadposition content9}