Skip to main content

Повторно проблеми за матурантите

Испитен центар на штрајк, државната матура доведена во прашање

Државниот испитен центар почна штрајк за повисоки плати, што го оневозможува спроведувањето на државната матура.
 |  инфодеск  | 
Испитен центар, државна матура

Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ) од денеска стапи во Генерален штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови, соопштија оттаму.

„Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии. Сите 29 вработени се членови на синдикатот и состојбата на штрајк која би траела подолго од една недела би значела невозможност да се спроведе државната матура.“, стои во соопштението на СОДИЦ-СФДМ.

Во овој момент, 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20.000 денари, додаваат од Синдикалната организација на Државниот испитен центар.