Skip to main content

Министерство за труд и социјална политика

Исплата на права од социјална и детска заштита

Започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември соопштија од Министерството за труд и социјална политика.
 |  инфодеск  | 
Исплата на права од социјална заштита

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември 2022 година.

Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 октомври 2022 година – информира Министерството.

За да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето: на 05.10.2022 се А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ, додека утре, на 06.10.2022 се М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.