Skip to main content

Два милиони литри

Испорачано масло за јадење од Србија

Испорачани се првите количини масло од Србија кои утре треба да се најдат во маркетите, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
 |  инфодеск  | 
Масло за јадење

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски соопшти дека денеска се испорачани првите количини масло за јадење од Србија. Истите уште утре треба да се најдат во маркетите.

Тој уште еднаш апелираше граѓаните да не се грижат и да не трупаат залихи, затоа што како што рече масло има во доволни количини. Не се увезува само од Србија, туку и од Русија, Украина и Бугарија.

Министерот повтори и дека доколку има потреба, покрај предвидените два милиони литри, ќе се бара увоз на дополнителни количини масло за јадење од Србија.