Skip to main content

ИСТ ГЕЈТ МОЛ – Скопје добива мол во ранг на европска метропола

Денес во Скопје официјално е отворен ИСТ ГЕЈТ МОЛ, инвестиција вредна 103 милиони евра.

 |   | 

Денес во Скопје официјално е отворен ИСТ ГЕЈТ МОЛ, инвестиција вредна 103 милиони евра. Портата на новиот мол во Скопје е отворена за сите посетители, од земјава и блискиот регион, кои ги очекува најбогатата понуда за шопинг и забава во земјата и пошироко.

Од денес, Ист Гејт Мол е евидентен доказ на успешно имплементираниот план за зацртаната визија на креаторите да создадат еден сеопфатен гигант, кој што се простира на 5 нивоа, како и да го реализираат позиционирањето на главниот град на европската и глобална шопинг мапа.

Проекциите навестуваат годишен број на околу 12 милиони посетители, а започнувајќи од денес, Ист Гејт Мол на секој посетител ќе му посакува добредојде со пораката, „Ти си центар”.

Ист Гејт Мол е инвестиција на Балфин Групацијата (Balfin Group), чие портфолио опфаќа многубројни сектори како недвижнини, туризам, енергетика, банкарство, и многу други. Балфин Груп (Balfin Group) е присутна на австрискиот, албанскиот, косовскиот, босанскиот (БиХ), македонскиот, холандскиот и црногорскиот пазар.

Инвестицијата на целокупниот проект Скопје Ист Гејт изнесува 350 милиони евра.