Истекува рокот за исплата на бруто платите
Законскиот рок за исплата на бруто платите истекува денеска, а фирмите до крајот на денот треба да ги уплатат парите за придонеси и да ја исплатат платата на вработените.
табла

Доколку не биде почитуван законскиот рок, Управата за јавни приходи(УЈП) најавува дека ќе наплатува камати. За секој ден доцнење ќе се наплатува камата од 0,03 отсто.
Од УЈП соопштија дека до саботата 55.497 фирми доставиле пресметки за бруто плата, а одобрени се 53.997 пресметки. Од УЈП немаат точни податоци колку вработени зеле јануарска плата.
Реформата цела плата предизвика многу проблеми кај работодавците, бидејќи на шалтерите на УЈП се формираа големи редици за поднесување на документите за бруто плата, а дополнителен проблем беше и падот на софтверот на УЈП.

{loadposition content9}