Истече рокот за собирање потписи за изборите
Законскиот рок за собирање на потписи од граѓаните потребни за кандидирање на претседател на државата, градоначалници и за советници за претседателски и локалните избори закажани за 22 март, истече ноќеска на полноќ.
гласачка кутија

Листите на кандидатите до органите на Државната изборна комисија (ДИК) треба да се поднесат најдоцна до 15 февруари. ДИК во рок од 48 часа од поднесување треба да ги потврди листите или да укаже да неправилностите, кои треба да се отстранат во истиот рок.
Најмалку 10 илјади потписи од граѓаните за кандидирање на претседателските избори веќе собрале седум потенцијални кандидати, според партиски извори.
Тоа се кандидатот на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов, на опозиционата СДСМ, Љубомир Данаилов Фрчкоски, на ДУИ Агрон Буџаку и на ДПА Мируше Хоџа.
Потребните потписи соопштија дека ги собрале и лидерот на Нова демократија Имер Селмани, независниот кандидат Љубе Бошкоски и кандидатот на ЛПД Нано Ружин.
Својата кандидатура за претседател на државата во понеделникот ја откажа Слаѓана Тасева, кој рече дека не сака и понатаму да остане во изборната пародија.
Потенцијални кандидати за претседател на државата се и независните Невзат Халили и Џорџ Атанасовски, како и претставникот на партијата Подем Благоја Марковски.

{loadposition content9}