Истекува рокот за пријавување на данокот за дополнителните приходи
Крајниот рок до кога граѓаните можат да го пријават данокот за дополнителните приходи што лани ги заработиле покрај платата или пензијата, истекува денеска.
лого

Даночните канцеларии на Управата за јавни приходи (УЈП) низ целата земја во кои граѓаните ги поднесуваат годишните даночни пријави, денеска ќе работат од 8.30 до 16.30 часот за да се запази крајниот рок.
Вкупно 57.179 граѓани до петокот поднеле даночни пријави. Само во петок околу 12.000 граѓани ја исполниле даночната обврска.
Од УЈП очекуваат до денеска околу 80.000 граѓани да поднесат годишни даночни пријави, што е за неколку илјади повеќе од лани, кога персонален данок пријавија околу 77.000 лица.
Обврска да поднесат годишна даночна пријава имаат граѓаните што своите приходи ги оствариле во земјата и во странство. Граѓанинот што остварува само приходи од плата, пензија, од вршење самостојна или земјоделска дејност, не е должен да пријави персонален данок.

{loadposition content9}