Иванов најдобар во првиот круг од претседателските избори
Ѓорге Иванов со освоени 51,63% или 447,123 гласови од 99,46% процесирани избирачки места, победи во првиот круг од претседателските избори.
Ѓорге Иванов со освоени 51,63% или 447,123 гласови од 99,46% процесирани избирачки места, победи во првиот круг од претседателските избори.
Тој освои околу 120.000 гласови повеќе од кандидатот на опозицијата Стево Пендаровски, за кого гласаа 325.132 избирачи или 37,54%. Иљаз Халими освои 4,49% од гласовите или 38.893, а Зоран Попоски 3,61% или 31.293 гласа. Ова го покажуваат последните податоци објавени на веб страницата на Државната изборна комисија.
На претседателските избори излезноста беше 48,86% односно вкупно гласале 865.995 граѓани.
Вториот круг од гласањето за претседателските избори ќе се одржи на 27 април заедно со предвремените парламентарни избори.
{loadposition content9}