Skip to main content

Изборниот процес со полна пареа

Државната изборна комисија денес треба да го одреди редоследот на претседателските кандидати на избирачкото ливче по пат на ждребување и добиената листа веднаш ќе ја објави во Службен весник.

spisoci
списоци

dikДржавната изборна комисија денес треба да го одреди редоследот на претседателските кандидати на избирачкото ливче по пат на ждребување и добиената листа веднаш ќе ја објави во Службен весник.

Изборната кампања за претседателските избори започнува на 24 март. Првиот круг на изборите ќе се одржи на 13 април, а евентуален втор круг закажан е за 27 април.

Денес 17-ти март, истекува рокот во кој е предвидено политичките партии до ДИК да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список за претседателските избори. По ова барање ДИК треба да донесе решение во рок од три дена, а доколку партијата не е задоволна од него може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по приемот на решението. По тужбата Управниот суд е должен да одлучи во рок 24 часа. ДИК ќе го заклучи Избирачкиот список за претседателските избори најдоцна до 22 март.

Паралелно со претседателските избори, од вторник, 18 март, започнува дваесетдневниот период пред почетокот на изборната кампања на предвремените парламентарни избори.

Според измените на изборниот законик во овој период не може да се исплаќаат субвенции, да се одржуваат јавни настани по повод започнување изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал, во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти.
Кампањата за предвремените парламентарни избори започнува на 5 април. Молк ќе има на 12 и на 13 март, пред првиот круг од претседателските избори.

Листите на кандидати за пратеници овластените претставници на предлагачите до ДИК треба да ги достават најдоцна до 29 март.

{loadposition content9}