Skip to main content

Избрани тројца нови судии во битолска Апелација

Судскиот совет, вчера, со кој за прв пат престедаваше претседателот Александар Камбовски, за нови судии во Апелациониот суд Битола ги избра судиите Билјана Белевска Пројковска за судија во кривичната област, и Ристо Сотиров, Дејан Крстанов и Александар Илиевски за судии за граѓанска област.
 |  инфодеск  | 

Со 13 гласа „за“ за судија во Апелациониот суд Битола во кривичната област, избрана е прворангираната Биљана Белевска Пројковска со речиси 20-годишен стаж, од кои 14 години работела на предмети од кривичната област во Охридскиот Основен суд. Димовска посочи дека во согласност со изготвената ранг-листа од Комисијата за судија од кривичната област се пријавиле пет кандидати, но во текот на постапката судијката Виолета Крстиноска од Ресен ја повлекла пријавата.

За изборот на тројцата судии за битолска Апелација за граѓанска област, Димовска кажа дека биле пријавени пет кандидати. Прв на списокот е судијата Ристо Сотиров, втор – Дејан Крстанов, трет – Кирил Јовановски, четврти – Александар Илиевски, сите од Основниот битолски суд и петта – Јасмина Шишковска-Стојковиќ, судијка и актуелен претседател на Основен суд Прилеп. Димовска истакна дека Шишковска-Стојковиќ е петта бидејќи нема сертификат за англиски јазик, иако е со најдолг стаж во граѓанската област и имала максимални поени по однос на усното изразување и за писмени одлуки.