Избришано македонското малцинство од резулуцијата за Бугарија
Парламентарното Собрание на Советот на Европа во резолуцијата за Бугарија го избриша од текстот македонското малцинство што е во спротивност со своите досегашни залагања на ПССЕ.
Парламентарното Собрание на Советот на Европа во резолуцијата за Бугарија го избриша од текстот македонското малцинство што е во спротивност со своите досегашни залагања на ПССЕ.
Како што јавува Дојче веле, исфрлањето на македонското малцинство од текстот на резолуцијата е резултат на преговори и компромиси меѓу членовите на ПССЕ, кои се до последен момент немаа одлучено дали ќе продолжи или не следењето на Бугарија.
Бугарскиот парламентарец Лачезар Тошев кој го бранеше амандманот пред ПССЕ, смета дека отстранувањето на македонското малцинство и на помаците од текстот на резолуцијата е „подобра формула за за да им се даде саканата заштита од страна на Советот на Европа“ и со тоа се „избегнува отворањето на пандорината кутија со специфично назначување на одредени малцинства и групи“.
Специјалистот за малцинските прашања во ПССЕ, летонскиот пратеник Борис Цилевич, не го дели истото мислење, тој потсетува дека бугарското законодавство не ги посочува со точност „expressis verba“ малцинствата кои се признати и тие кои не се признати. Цилевич потсети дека е познато во практиката: „тие (Македонците и помаците) не се претставени во Советот на малцинствата, а се донесени повеќе пресуди на Судот за човекови права поради одбивањето за официјално регистрирање на организациите кои ги претставуваат овие малцинства.“
При ратификувањето на Рамковната конвенција за малцинствата, Бугарија до Советот на Европа достави листа на признати малцинства и македонското малцинство не е на таа листа. Бугарија ја брани тезата дека на нејзина територија „сите групи можат да ја уживаат заштитата на рамковната конвенција“.
{loadposition content9}