Извлекувањето на „Илинден“ може да започне денескa
Извлекувањето на бродот Илинден, кој потона пред две недели во Охридското езеро, може да започне денеска.
Извлекувањето на бродот Илинден, кој потона пред две недели во Охридското езеро, може да започне денеска.
Ова за бугарската агенција Фокус го изјави Атанас Костов, раководител на бугарската страна на експертската група, која ја води истрагата за причините за бродоломот во кој загинаа 15 бугарски државјани.
Бродот ќе се вади со помош на дваесетина воздушни балони и тоа во две фази – прво трупот на бродот ќе се одлепи од дното и ќе се подигне на површина. Во втората фаза бродот ќе биде одвлечен до брегот, каде ќе биде извршен увидот.
Токму затоа што бродот е доказен материјал неговото извлекување оди бавно.
Истрагата ја води истражниот судија од Охрид Весна Кичеец, а ја набљудува и заменик бугарскиот државен обвинител Георги Илиев.
{loadposition content9}