Skip to main content

Извозот го изеде ајварот

Трговците од Струмичко велат дека последниве дваесет години не се паметат олку високи цени на зеленчукот и на овошјето.

 |   | 
ajvar
ајвар
ajvarТрговците од Струмичко велат дека последниве дваесет години не се паметат олку високи цени на зеленчукот и на овошјето. Годинава во Струмичко се очекува берба на околу 50.000 тони пиперки за ајвар, засадени на површина од околу 2.000 хектари претежно од сортата „куртовска капија“. Родот на црвените пиперки годинава е намален за 10 до 15 отсто поради временските услови, но квалитетот на реколтата е добар. Најголем дел од производство ќе биде преработен во погоните на домашната конзервна индустрија и во домаќинствата, а 30 до 40 насто од родот во свежа состојба ќе биде испорачан во странство.

Трговци од соседните држави бараат килограм повеќе од ајварката, корнишоните, морковите и зелката, тврдат домашните трговци кои годинава не може да се борат со цените што ги нуди конкуренцијата од странство.

Земјоделците тријат раце дека конечно дојде нивното време кога почнува да им се исплаќа маката. Според нив, годинава кој ќе сака да јаде зимница или треба да ја плати трипати повеќе од лани или ќе треба да ја увезе од Грција или од Бугарија каде што заврши нашиот зеленчук.

{loadposition content9}