Skip to main content

Јанош Мартоњи во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Унгарија Јанош Мартоњи денес и утре престојува во посета на Република Македонија.

Janosh Martonji
Јанош Мартонји

Министерот за надворешни работи на Унгарија Јанош Мартоњи денес и утре престојува во посета на Република Македонија.

Janosh MartonjiМинистерот Мартоњи за време на посетата ќе се сретне со својот колега, Никола Попоски.
Според соопштението од МНР, двајцата министри се очекува да разменат мислења околу развојот на билатералните односи и соработка меѓу двете земји, како и да биде пренесено очекувањето за поддршка од унгарска страна во наредниот период, во насока на интегрирањето на Република Македонија во евроатланските структури.

За време на посетата на министерот Мартоњи е предвидено и потпишување заедничката декларација за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи во процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ.

За време на посетата на Македонија, министерот Мартоњи ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од премиерот Никола Груевски, како и од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Теута Арифи.

{loadposition content9}