Јасмина Лескаровска назначена за в.д. директорка на АППТ
„Владата на Република Северна Македонија на владина седница одржана на 26.12.2023 го разреши Љупчо Јаневски од должноста директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, поради истек на мандатот за кој е именуван и ја именуваше Јасмина Лескаровска за вршител на должноста директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот“ – информираа од Владата, пренесе порталот „360 степени“.
Лескаровска долги години работи во АППТ, а на директорската функција доаѓа од Секторот за проекти, поддршка на туризмот и административно – правни работи.
Љупчо Јаневски вчера поднесе оставка од функцијата директор на АППТ. Тој својата одлука ја соопшти преку социјалната мрежа Фејсбук, а во интервју за МИА кажа дека оставката ја поднел од лични причини. Лидерката на ДОМ, пак, Маја Морачанин, изјави дека владата го разрешила нејзиниот сопартиец Јаневски по барање на ДОМ.
Љупчо Јаневски стапи на функцијата директор во АППТ во февруари 2018 година.
фото: ДОМ