Skip to main content

АРМ

Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата

Рокот за пријавување е 7 дена, вклучувајќи го и денот на објава на Јавниот оглас.
 |  инфодеск  | 

Министерството за одбрана  го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Северна Македонија.

Рокот за пријавување е 7 дена, вклучувајќи го и денот на објава на Јавниот оглас.

Заинтересираните лица треба да ги исполнат следните услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование, да имаат посебна здравствена и физичка способност и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

 Платата на професионалните војници ќе изнесува над 31.000,00 денари, со дополнителни над 10.000,00 денари за станбено обезбедување.

Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана.

Сите детали, вклучувајќи го и начинот на пријавување можат да се најдат на веб-страницата на Министерството, односно на следниот линк: https://mod.gov.mk/javen-oglas-300-pfv/