Јули поскап од јуни, синдикалната кошничка за јули 60.570 ден
Минималната синдикална кошничка за јули изнесувала 60.570 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Ова претставува зголемување за 245 денари од јуни кога таа изнесувала 60.325 денари.
Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни, минималната синдикална кошничка изнесува 75.945 денари.
Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, односно 36.3 отсто. Најголемиот трошок потоа се однесува на образованието – 7.022 денари по домаќинство (11.6%), потоа на станарина, вода, електрична енергија и греење за кое домаќинствата, според минималната синдикална кошничка на ССМ отпаѓаат 6.014 денари (9.9%). За облека и обувки, според податоците на домаќинствата би им требале 4.979 денари (8.2%), додека за рекреација и култура 3.890 денари (6.4%). На комуникации отпаѓаат 3.240 денари (5.3%), додека средствата за лична хигиена и оддржување на хигиена во домот изнесуваат 1.827 денари (3%).
Од јануари до јули вредноста на минималната синдикална кошница е зголемена за 3.162 денари односно за 5,5 проценти.