Skip to main content

Кафулињата ќе работат до 12 часот на полноќ

Од 1-ви септември за угостителските објекти ќе се скрати работното време, согласно Законот за угостителска дејност.

 |  Маја Савиќ  | 
kafici
кафичи
kaficiПреку недела може да работат од 07 до 24 часот, во петок и сабота, за и спроти празнични денови од 07 до 01 часот

Од 1-ви септември за угостителските објекти ќе се скрати работното време, согласно Законот за угостителска дејност.

Преку недела може да работат од 07 до 24 часот, во петок и сабота, за и спроти празнични денови од 07 до 01 часот. Ова важи за сите угостителски објекти за исхрана без оглед на видот услуги.

Диско клубовите и диско клубовите на отворен простор ќе работат од 19 до 04 часот, односно до 06 часот во петок, сабота, за и спроти празнични денови.

Државниот пазарен инспекторат ќе ги засили контролите во врска со почитувањето на работното време.

Според Министерството за економија, Советот на општината може да го продолжат работното време на угостителските објекти за еден час.

{loadposition content9}