Skip to main content

Какви ефекти ќе има увозот на постари возила

Евентуалниот увоз на возила постари од 10 години ќе има негативни ефекти врз граѓаните и државата.

 |  Маја Савиќ  | 
stari avtomobili
стари автомобили

Delovi od avtomobiliИницијативата за поместување на старосната граница за увоз на возила постари од 10 години ќе предизвика повеќе негативни ефекти што ќе ја засегнат државата и граѓаните и ќе ја намали развојната компонента на пазарот на нови возила, смета Групацијата на импортери на моторни возила.

Tие во анализата испратена до премиерот Никола Груевски посочуваат дека најавените измени во Правилникот не ги засегнуваат многу зашто целната група потрошувачи кои сакаат да купат нов автомобил секако ќе го сторат тоа.
– Сметаме дека овој предлог ќе ја намали развојна компонента на пазарот на нови возила, пишува, меѓу другото, во анализата.
Според увозниците, граѓаните кои ќе купат автомобил постар од 10 години ќе бидат приморани да инвестираат дополнителни средства за одржување на возилото, најмалку 50 отсто од средствата што ги вложиле за негово купување.
Од Групацијата на импортери нагласуваат дека овие автомобили не ги исполнуваат нормите од безбедносен и еколошки аспект, оти имаат само една звездичка на безбедност на возачот, патниците и пешачите, и испуштаат повеќе штетни гасови во атмосферата.
Мерката, посочуваат, е спротивна на политиката на ЕУ и потпишаниот договор за стабилизација и асоцијација, а со нејзиното воведување ќе се суспендира обврската на импортерите да увезуваат возила по ЕУРО 3 стандардите.
Групацијата предлага возниот парк во државата да се обнови на тој начин што граѓаните кои имаат постари возила од 20 години ќе добијат субвенции, односно возилата да им бидат откупени од државата како старо железо, а за тоа да добијат ваучери за стимулација во вредност од 1.000 евра. Со тоа, сметаат, ќе бидат задоволени сите засегнати страни, државата, импортерите и граѓаните, како и сите аспекти.
{loadposition content9}