Skip to main content

Временска прогноза

Какво време нè очекува до крајот на годината?

За новогодишната ноќ на 31-ви декември ќе имаме облачно време, со температура од 1 до 8 степени. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува со услови за дожд кои наместа ќе преминат и во снег.
 |  инфодеск  | 
Охрид

Неделата започнува со пониски температури, нормално за средината на декември. Максималните во текот на оваа недела ќе се движат од 7 до 13 степени.

На почетокот од следната недела започнува зголемување на облачноста, со услови за врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од 9 до 12 степени, а утринските од 0 до 3 степени.

На 27-28 декември низ земјава се очекува да помине студен атмосферски фронт. Потоа на повеќе места ќе има врнежи од дожд, кои поради студот речиси насекаде ќе преминуваат во снег.

За новогодишната ноќ на 31-ви декември ќе имаме облачно време, со температура од 1 до 8 степени. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува со услови за дожд кои наместа ќе преминат и во снег.

Првиот ден од следната година ќе биде со врнежи од дожд, а на повисоките места и врнежи од снег. Температурата до 8 степени.