Skip to main content

Кампањата завршува, Македонија пред избори

Изборната кампања за претседателските и локалните избори закажани за 22 март завршува денеска на полноќ, кога настапува изборниот молк.

izbori
избори
Изборната кампања за претседателските и локалните избори закажани за 22 март завршува денеска на полноќ, кога настапува изборниот молк.

Претседателот во заминување Бранко Црвенковски порача дека Македонија на изборите треба да покаже дека има доволно демократски капацитети за да го продолжи процесот за интегрирање во ЕУ и НАТО

„Првиот чекор и основниот предуслов за такво нешто ни е познат – одржувањето на мирни, фер и демократски избори. Такви избори, во согласност со сите меѓународни стандарди, во неколку наврати во минатото веќе сме имале“, рече претседателот.

izboriСедум кандидати учествуваат во трката за претседател: независниот кандидат Љубе Бошкоски, Агрон Буџаку од ДУИ, Нано Ружин од ЛДП, Мурише Хоџа од ДПА, Љубомир Фрчкоски од СДСМ, Имер Селмани од Нова демократија и Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ.

Гласачките места се отвораат в недела во 7 часот, а граѓаните ќе можат да гласаат до 19 часот.

Претседателот веројатно ќе се избере во вториот круг, што треба да се одржи по две седмици, за чија успешност е потребна излезност од 40% од речиси 1,8-те милиони гласачи. За да биде избран во првиот круг на кандидатот му се потребни мнозинство гласови од вкупниот број избирачи.

На локалните избори во трката за избор на нов градоначалник на Скопје влегоа 11 кандидати, меѓу кои ВМРО-ДПМНЕ излезе со Коце Трајановски, додека опозициониот блок со Тито Петковски.

Локалната власт – градоначалници и совети ќе се избираат во вкупно 84 општини и Скопје.

 

 

 

 

 

 

{loadposition content9}