Skip to main content

Пандемија Ковид 19

Караванот за вакцинација доаѓа во среда

Од денес стартува теренската вакцинација против Ковид – 19. Караванот во среда доаѓа во соседна Струга.

Во среда 23 март на новото шеталиште во струга ќе пристигне караванот за вакцинација против Ковид 19. Министерството за здравство, со поддршка од УСАИД, СЗО и УНИЦЕФ следната недела ќе отпочне со зголемување на степенот на имунизација од Ковид -19 во земјава, преку теренска вакцинација или караван за вакцинација, кој е планирано ќе посети 14 локални заедници низ земјата.

Граѓаните ќе можат да добијат најнови информаци за КОВИД-19 и да се вакцинираат за време на настаните кои ќе се одржат на градските плоштади и други локации во локалните заедници.

Врз основа на најновите податоци, само околу 41% од вкупното население во земјата е вакцинирано со две дози, а помалку од 7% имаат примено трета доза. Имајќи предвид дека невакцинираните луѓе имаат поголем ризик од смрт од КОВИД-19 во споредба со оние кои биле вакцинирани, голем дел од населението останува незаштитено од можните тешки последици од КОВИД-19.Одлуката за вакцинирање не треба да се одложува.

Вакцините се многу побезбеден начин да се развие имунитет од КОВИД-19, отколку прележување на вирусот и докажано нудат посигурна заштита од природниот имунитет. Третата доза обезбедува континуирана заштита од тешка болест и смрт предизвикани од КОВИД-19 и им помагаат на луѓето да развијат максимална заштита од сите варијанти на вирусот. Првиот настан ќе се одржи на денес со почеток во 11:00 часот на плоштад Шуто Оризари.