Skip to main content

Католичката заедница денеска слави Бадник, а утре Божик

Католиците вечерва ја чекаат радосната вест за раѓањето на Исус Христос.
 |  инфодеск  |  ,

Припадниците на католичката вероисповед денес го прославуваат Бадник. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, овој ден го прославуваат на 24 декември. Бадник означува бдеење пред раѓањето на Исус Христос, Божиќ.

 На Божик според католичките обичаи, му претходат четири недели на подготовка, т.н. адвентски недели, време кога се потенцира духовниот пост, хуманоста, одрекување од лоши навики. За Бадник или бдеење обичај е посна трпеза и кршење на бадниково лепче, додека за Божик е правењето пештера која симболично го прикажува раѓањето Христово во Витлеем и секако божикното украсување. Бадник и Божик се празници на семејно собирање, но исто така и време кога треба да се потсетиме на вистинските вредности.

На овие денови се пеат песни кои се во духот на самиот празник, Божиќ, Рождество Христово. Божиќната вечера или ручек не е иста во разни култури. За католиците мисирката се смета за вообичаен Божиќен специјалитет, која на менијата се има појавено на средината на 16тиот век. Претходно на Божиќните трпези актуелно било свинското месо, месото од паун и гуска.