Skip to main content

Ќе се снима игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија за Тоше Проески

Ќе се снима игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија, кои ќе ги прослават животот, делото и мисијата на Тоше Проески.
 |  инфодеск  | 
Тоше Проески

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков објави дека во следните две години, ќе се снима игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија, кои ќе ги прослават животот, делото и мисијата на Тоше Проески. –Тоше не беше само музичка икона за Македонија, туку и за целиот Балкан, и овој проект ќе има големо регионално значење, додава министерот во своето соопштение.

Носител на проектот е Македонската радио-телевизија, копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот а финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Македонија преку Министерството за дигитализација.