Ќе се затвораат локали на две недели ако некој запали цигара
Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе затвораат на 7 или 15 дена одреден објект – кафеана, кафетерија, ноќен бар, кафе бар, кабаре, диско клуб или пивница, доколку утврдат дека во него се пуши.
| | Македонија

пушење ноќен клуб

– Во Македонија се пушат околу 11.000 тони цигари, што е 5,5 килограми цигари по поединец. Над 40 отсто од популацијата пуши, 20 отсто од средношколците, а старосната граница е спуштена под 14 години. Со оглед на овие фрапантни податоци, беспредметно е да расправаме дали треба да се усвојат построги мерки за примена и почтиување на Законот – рече заменик-министерот за здравство, Владимир Поповски.
Тој во името на владечкото мнозинство им реплицираше на опозициционерите, кои без исклучок овие законски измени ги оценија како строги, но и неостварливи во пракса. Тие велат и претходната верзија на овој закон довела до опасност многу мали и средби бизниси, пред се угостителски објекти. Плус, тие забележуваат дека законот се спроведува делумно во Скопје, но тоа не е случај во другите градови низ државата, посебно во Западна Македонија.
{loadposition content9}
