Кичево е Град на културата за 2026 година
Кичево за реализација на предвидената програма ќе добие поддршка од Министерство за култура и туризам во износ од 4 милиони денари (околу 64 илјади евра).
| инфодеск | Македонија
Кичево е Град на културата за 2026, соопшти денес на прес-конференција министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
„Во текот на 2026, Кичево ќе биде сцена на бројни фестивали, изложби, концерти, театарски претстави, литературни вечери и културни настани. Ќе ги обединиме локалните творци со уметници од државата и од странство, ќе создадеме простор за младите таленти и ќе ја поддржиме креативноста како двигател на развојот“, изјави градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски.
Кичево за реализација на предвидената програма ќе добие поддршка од Министерство за култура и туризам во износ од 4 милиони денари (околу 64 илјади евра).