Skip to main content

Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје

Килограм свежо овошје неделно за секое дете во сите градинки во државава

Издвоени се 40 милиони денари во буџетот со кои ќе се откупат 880.000 килограми овошје од прва класа.
 |  инфодеск  | 
овошје

На вчерашната седница на Владата беше усвоена Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2023 година.
Издвоени се 40 милиони денари во буџетот со кои ќе се откупат 880.000 килограми овошје од прва класа и тоа најмалку 90.000 кг кајсии, 175.500 кг праски, 168.000 кг сливи, 74.000 кг круши, 370.000 кг јаболки. Овошјето е наменето за 38000 деца од сите градинки во државата. Секое дете, еднаш неделно ќе добие по еден килограм сезонско овошје.

„Целта едецата да јадат свежо овошје кое е соодветно на сезоната во која се произведува.“ изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.


Програмата ќе се реализира преку јавна набавка која ќе ја спроведе Платежната агенција, при што еден од условите ќе биде овошјето да се дава на градинките спакувано во мрежички. Со цел овошјето да биде навистина свежо, предвидено е да се доставува до градинките еднаш неделно, во текот на следните месеци, заклучно со декември. Секоја градинка ќе има можност самата да одлучи во зависност од условите, дали ќе им дава втора ужинка на децата во текот на денот, или доколку немаат простор за складирање ќе им ги даваат на родителите за дома.