Skip to main content

Кинески туристи повторно можат организирано да патуваат во Македонија

Се укинуваат ограничувањата за организирани туристички патувања, воведени за време на пандемијата Ковид-19.
 |  инфодеск  | 
Туристи

Кина ја вклучи Македонија во групата земји во кои можат да патуваат организирани кинески туристички групи. Кинеското Министерство за култура и туризам соопшти дека се укинуваат ограничувањата за организирани туристички патувања, воведени за време на пандемијата Ковид-19, за уште 78 земји.Покрај Северна Македонија, турстите од Кина ќе можат организирано да патуваат и во Германија, Велика Британија, Австрија, Бугарија, Полска, САД, Јапонија, Јужна Кореја, Австралијa.
Ова е трета група земји за кои се укинуваат ограничувањата за патување на организирани групи од Кина. Првата беше одобрена од властите во Пекинг во јануари и опфати 20 земји, вклучувајќи ги Русија, Тајланд, Куба и Аргентина. Патувањето во втората група од 40 земји беше дозволено во март. Меѓу нив беа Франција, Португалија, Бразил и Непал.